Search

Адеми изнуди пенал во дебито за Беижинг Гуан

Аријан Адеми во саботата дебитираше во дресот на својот нов клуб, кинескиот Беижинг Гуан. Македонскиот репрезентативец ги одигра сите 90 натпревари во првото коло од кинеската Суперлига, а неговиот тим ремизираше 1:1 со тимот на Меижу Хака.

Македонскиот играч за врска играше во нешто поофанзивна улога од вообичаено и во 51. минута изнуди пенал, кој го реализираше Ксиже Жанг за гол вреден израмнување и конечен резултат. Претходно, Чугуи Је (19.) постигна гол за водство на гостите.

Според апликацијата Sofa-Score, Адеми е најлошо оценет играч на својот тим (6,4), бидејќи не искористи ниту една од двете солидни шанси за гол.

Треба да знаете
Последни објави