Уапсен скопјанец, пукал со пиштол во дворот од куќата во Визбегово

На 15.04.2023 во 00.35 часот на ул. „Качанички пат” во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го привеле А.Д.(25) од Скопје поради сомнение дека околу 23.20 часот во дворот од семејната куќа пукал со пиштол.

Пиштолот бил пронајден и одземен, а на местото биле пронајдени повеќе чаури.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Треба да знаете
Последни објави