Search

Четиригодишно девојче нападнато од куче, завршило со 40 конци на лицето – Се испаничив и плачев, имаше многу крв, вели мајката

Четиригодишно девојче добило 40 конци на лицето откако било нападнато од американски булдог.

Малата Лана-Ен Форсајт била прикована од животното на земја, а мајката Ејми Хобсон (32) го удирала кучето за да му го олабави стисокот. Ќерката со такси ја однела во болница бидејќи и рекле дека ќе и требаат неколку часа за да пристигне брзата помош.

Кошмарот се случил во домот на семејните пријатели во Нунитон, Англија во четвртокот попладне. Веднаш штом пристигнале во болница, Лана итно била пренесена на лекување.

Хирурзите два часа го оперирале девојчето кое завршило со 40 конци на лицето, а мајката била предупредена дека детето ќе има трајни лузни.

Хобсон објасни дека кучето било горе во собата, но ја отворило вратата и се симнало долу. Таа му пришол и почнала да го гали, а истото сакала да го направи и нејзината ќерка извикувајќи го името на кучето за да дојде кај неа.

„Ја фати за лице и ја собори на земја. Го удрив за да го тргнам од неа, го кренав девојчето од подот и веднаш повикав 911. Имаше многу крв, Лана беше мирна и храбра и бев во паника и плачев, рече мајката.

Полицијата покренала истрага, кучето било одземено од сопствениците и успиено.

Џон Тулох, експерт за ветеринарно јавно здравје на Универзитетот во Ливерпул, е автор на студија од 2021 година која откри неверојатен пораст на бројот на инциденти со каснување од кучиња во текот на изминатите 20 години.

„Во последните дваесет години има зголемување на бројот на сериозни напади на кучиња, треба да го наречеме со неговото вистинско име: растечки јавно здравствен проблем. Во повеќето случаи, тоа е куче познато на жртвата бидејќи овие настани се место зад затворени врати“, рече Талох.

Како можен проблем го наведе зголемувањето на бројот на домашни миленици купени од нерегистрирани и странски одгледувачи, како и воспитните методи поттикнати од трендовите на „Тик-ток“.

Треба да знаете
Последни објави