Search

Се бореле за воздух, им била потребна итна медицинска помош – Унгарската полиција запре камион со мигранти

Унгарската полиција пронашла 17 мигранти набиени во затворен простор без соодветна вентилација кога запреле камион со турски регистарски таблички во близина на јужната граница.

Добивај вести на вибер

На мигрантите – 16 од Египет и еден од Либија – им била потребна итна медицинска помош, соопшти полицијата на нивната веб-страница, додавајќи дека само брзата акција по дојавата од романските власти им го спасила животот.

Полицијата соопшти дека го запрела камионот во четвртокот во близина на селото Кистелек и повикала брза помош за мигрантите и го привела шверцерот на луѓе, турски државјанин.

Во февруари, 18 авганистански мигранти беа пронајдени мртви во камион оставен на спореден пат во близина на бугарскиот главен град Софија.

Илјадници луѓе кои бегаат од војна и сиромаштија на Блискиот Исток, Африка и Азија се преселуваат преку копно низ Балканот во Европа. Унгарија изгради ограда на својата јужна граница со Србија, но рутата преку Унгарија до Западна Европа останува популарна за мигрантите, пишуваат медиумите во регинот.

Треба да знаете
Последни објави