Search

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ ја обвинува Бехтел, реномирана американска компанија за криминал

Како и многу пати досега, ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски е против реализација на стратешки проекти во државата, но сега отидоа чекор понатаму и обвинуваат светски реномираната американска компанија како Бехтел дека краде пари и прави криминал.

ВМРО-ДПМНЕ намерно шири невистини за изградбата стратешкиот проект за изградба на  коридорите 8 и 10Д.

Инвестициите во патните делници на Коридорот 8 и Коридорот 10Д се историски најголеми инвестиции во инфраструктурата, со што конечно ќе се заокружи децениски стратешки проект во интерес на граѓаните и државата.

Со СДСМ државата се развива, а во ВМРО-ДПМНЕ ништо не се менува, тоа е истата режимска партија, која останува симбол на корупција и криминал.

Треба да знаете
Последни објави