Search

Никола Димитров објави дека се враќа во политиката

Станува сѐ погусто на политичката сцена. Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски најавува движење, а и поранешниот шеф на македонската дипломатија и архитект на договорите со Бугарија и Грција, 15 месеци откако беше избрана владата на Димитар Ковачевски, а во која тој не влезе, навестува дека се враќа во политиката. Во која на одреден начин, што како советник на претседателот на државата, што како амбасадор, што како преговарач за името, беше сите негови професионални години. Освен кусиот период на работа во еден институт во Хаг.

Форматот, концепцијата и идеолошките точки на она што може да биде ново движење или некаков друг вид партиска структура Димитров ќе го обелодени за неколку недели. Барем така најави во интервјуто во четвртокот вечерта на телевизијата 21.

„Јас долго време јавно зборувам, не сум престанал да бидам активен. Никогаш не сум бил член на партија, работев речиси со сите и со сите сум се разишол, мислам дека е тоа здраво, кога човек верува дека се фатиле кривини многу е поздраво да се држи до своето убедување отколку да вика магарето лета“, рече Димитров во интервјуто.

Тој рече дека граѓаните ќе мора да почекаат уште неколку недели за да видат во каква форма ќе делува: „Не би можел сега тој план да го обзнанам. Тоа што можам да кажам е дека ние имаме проблем како граѓани, дека работите не ни се добри во државата. Тој проблем нема да ни го реши друг. Можат да ни помогнат нашите пријатели од Брисел и Вашингтон. Првиот чекор е да видиме колку граѓани има кои се незадоволни, што сакаат ред во оваа држава и што сакаат законот да важи еднакво за сите. Ќе има мегдан, ќе ги кажам моите битки“, рече Димитров.

Треба да знаете
Последни објави