Search

Вардар и со играч повеќе не го победи Гостивар во второлигашкото дерби

Пресметката во второлиогашката конкуренција меѓу аспирантите за највисок пласман и обезбедување учество в0о елитното натпреаврување од идната сезона меѓу скопски Вардар и Гостивар заврши без победник и без голови (0:0). Во Маџари каде „црвено-црните играат како домаќини бодрени од своите најверни навивачи и со играч повеќе речиси цел час, бидејќи гостите од 34 минута останаа без исклучениот Стојчевски, не го најдоа патото до мрежата. Имаше шанси на двете старни, но немаше реализација.

Од дерби пресметката во која мрежите мируваа може да профитира лидерот Воска, бидејќи Вардар и Гостивар останаа на исто растојание на втората и третата позиција.

Прво и второ пласираниот тим обезбедуваат директен пласман во Првата фудбалска лига, додека третиот игра бараж.

Треба да знаете
Последни објави