Search

Амбасадата на Финска во Русија доби писмо со прашкаста материја

Амбасадата на Финска во Москва денеска потврди дека примила три писма, од кои едното содржело прашок.

Од амбасадата изјавија за РИА Новости дека, откако во четвртокот им биле доставени три писма, тие се обратиле до руското Министерство за надворешни работи.

Како што додаваат, во согласност со безбедносните правила на финското Министерство за надворешни работи, писмата се предадени на претставници на руските власти, кои водат натамошна истрага.

Треба да знаете
Последни објави