Хрват ќе му биде тренер на Роналдо во Ал Наср

Ал Наср го избрка Руди Гарсија по караницата во соблекувалната по мечот против Ал Фејха (0-0), а сега се шпекулира дека нов тренер на Кристијано Роналдо ќе му биде Хрватот Динко Јеличиќ.

Шпански „Спорт“ пишува дека Хрватот ќе биде привремено решение на клупата на Ал Наср, додека богатиот тим од Саудиска Арабија не пронајде друго решение.

Вчера се појавија шпекулации дека на Жозе Мурињо наводно му биле понудени 100 милиони евра за да го преземе тимот.

Треба да знаете
Последни објави