Овошје и зеленчук по повисоки цени продавале 22 економски субјекти- казнети со над 1.3 милиони денари

Државниот пазарен инспекторат контролира економски субјекти на цела територија на Република Северна Македонија по Одлука за определување на највисоки цени за одделни производи во трговијата на мало бр. 41-3467/3 од 03.04.2023 и Одлука за изменување на одлуката за определување на највисоки цени за одделни производи во трговијата на мало (Сл. Весник на РСМ бр. 78/23) донесена од страна на Владата која се однесува на цените на замрзнување на овошјето и зеленчукот и тоа на следните производи:

  • до 95 денари за килограм свежи домати,
  • до 95 денари за килограм свежи краставици,
  • до 70 денари за килограм кромид,
  • до 100 денари за килограм свежи зелени пиперки,  
  • до 95 денари за килограм грав,
  • до 110 денари за килограм леќа,  
  • до 75 денари за килограм банани,  
  • до 60 денари за килограм портокали,  
  • до 65 денари за килограм мандарини и
  • до 60 денари за килограм лимони.

Во согласност со горенаведените Одлуки, на територија на цела Република Северна Македонија, од денот на донесување на Одлуките до сега, извршени се над 650 надзори и контроли и забележано е прекршувања на Одлуките кај 22 економски субјекти за што се издадени прекршочни платени налози во висина од над 1.300.000 денари. Од надзорите е заклучено дека производите опфатени со овие Одлуки се продаваат по цени во согласност со последната изменета Одлука и повеќето од нив се достапни во продавниците и маркетите ширум земјава.

Дополнително, има постапки во тек од кои ќе се утврдува висината на казните на оние трговци кои ја прекршиле Одлуката. Инспекторите и понатаму се на терен!

Треба да знаете
Последни објави