Search

Уште 13 жени го обвинија Жерар Депардје за сексуално вознемирување

Францускиот актер Жерар Депардје се соочува со нови обвинувања од страна на 13 жени, кои тврдат дека се однесувал недолично кон нив и сексуално ги вознемирувал.

74-годишниот актер од „Зелена карта“ (Green Card) е мета на нови обвинувањата откако пред две години  француската актерка Шарлот Арнол (33) го обвини дека ја силувал во неговата вила во Париз во 2018 година.

Тој ги отфрли тврдењата на жените откако францускиот истражувачки портал „Медиапарт“ објави досие во средата (12 април) во кое се наведува како тој наводно ги ловел користејќи слични методи, додека ги снимал неодамнешните проекти, вклучително и крими-драмата на „Нетфликс“, Marseille („Марсеј“).

Правниот портпарол на актерот – втора ѕвезда на големото платно по висината на заработка во историјата на француската кинематографија зад Луј де Фин – рече: „Тој официјално ги негира сите обвиненија кои најверојатно ќе потпаднат под кривичниот закон“.

Во извештајот на „Медиапарт“ се наведува: „Покрај жалбата на Шарлот Арнолд, собравме 13 искази од жени кои велат дека биле изложени на сексуално несоодветни гестови или предлози од познатиот актер, со различен степен на тежина“.

„Во различните искази, се чини дека се повторува истата сцена. Тие се актерки, шминкери и членови на филмска екипа“.

„Тие тврдат дека тој ставал рака на нивниот задник, меѓу нозете или на бутовите или стомакот – и дека им упатувал непристојни сексуални предлози, а понекогаш и упорно стенкал“.

Порталот тврди дека ваквите инциденти биле исмевани од некои луѓе кои велеле: „Во ред е, тоа е само Џерард“, а наведува дека постои сличност во описот на жените, односно дека тие биле млади и несигурни актерки на почетокот на своите кариери кога наводно биле мета.

Ниту една од 13-те нови претставки во моментов не е формално поднесена до суд.

Наводните жртви на актерот – од кои некои анонимно ги пријавиле своите тврдењата – се плашеле дека можеби никогаш повеќе нема да работат ако јавно ги изнесат своите наводи против ѕвезда која има голема моќ во забавната индустрија како и културен статус да добие финансирање на филмови.

Треба да знаете
Последни објави