На претседателот на Општина Будва не му е досуден притвор

Претседателот на црногорската општина Будва, Мило Божовиќ, кој денеска беше приведен, по полициското испитување е ослободен од понатамошна процедура.

Специјалното полициско одделение во Црна Гора утрово процесираше повеќе лица наводно блиски до „Шкаљарски клан“, но Божовиќ не е означен како член на организираната криминална група.

Според порталот „Дан“ другите процесирани лица наводно се членови на „Шкаљарски клан“.

Полицијата соопшти дека се трага по уште едно лице од Цетиње.

Полициската акција беше спроведена по наредба на Специјалното државно обвинителство, со поддршка и асистенција на Агенцијата за соработка и спроведување на законот на Европска Унија (ЕВРОПОЛ). Поведена е истрага во два кривични предмети.

Полициска акција беше спроведена во  во Будва, Цетиње и Подгорица.

Треба да знаете
Последни објави