Мицотакис го забрани ТикТок за неговите министри

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис им забрани на министрите од кабинетот да ја инсталираат апликацијата за социјалните медиуми ТикТок на нивните канцелариски телефони. Ова тој самиот го соопшти во интервју за ТВ „Мега“, пренесе БТА.

Мицотакис рече дека не ја инсталирал апликацијата на својот телефон затоа што, како јавни личности, треба да се биде внимателен при користењето на оваа алатка, со што се поставуваат многу прашања поврзани со алгоритмот развиен во Кина. Ова не го спречува премиерот да биде општествено активен на интернет. Според него, ова е интересен и атрактивен начин за комуникација со младите.

Популарната апликација ТикТок добива се поголема популарност меѓу социјалните мрежи, но голем број западни земји ја сметаат за оружје во рацете на Кина, кое може да ја загрози националната безбедност, пишува грчкиот сајт „Прототема“. Меѓу првите кои застанаа зад ова тврдење беа САД.

Во февруари, ЕК објави дека ја забранува употребата на ТикТок на телефони регистрирани во Комисијата, со цел да се заштити сајбер безбедноста. На оваа одлука се приклучија Велика Британија, Холандија и Белгија.

Треба да знаете
Последни објави