Search

Малолетник испраќал лажни дојави за бомба во училиште во Сараево

Министерството за внатрешни работи во Сараево денеска соопшти дека момче испратило лажни пријави за бомби на електронската адреса на ОУ „Меша Селимовиќ“.

Како што се наведува, пријавите пристигнале на адресите на училиштето на 30 март, 4, 5 и 11 април.

Со оглед на тоа дека се работи за малолетник, од полицијата најавија дека нема да соопштуваат други информации.

Треба да знаете
Последни објави