Search

„Вашингтон пост“: Откриено кој ги објавил доверливите податоци за САД

Лицето одговорно за објавувањето на доверливите американски документи, што ја поттикна истрагата, е 20-годишен љубител на оружје.

Тој работел во воена база, објави Вашингтон пост, повикувајќи се на членови на социјалната мрежа Дискорд.

Според извештајот на американскиот весник, лицето споделило доверливи информации на платформата за пораки во група со дваесетина мажи кои делат заедничка љубов кон оружјето и воената опрема, пренесува Ројтерс.

„Вашингтон пост“ својот извештај, во кој не го именува лицето, го засновал на разговор со двајца членови на групата на Дискорд, а британската агенција наведува дека не може самостојно да ги потврди деталите.

Лицето се опишало себеси на интернет како „старата школа“, според сведочењето, додека еден извор на „Вашингтон пост“ го опиша како некој во раните до средината на 20-тите години, кој бил пример за другите членови на групата.

„Тој е силен. Тој е вооружен. Тој е трениран. Тој е речиси сè што би очекувале од луд филм“, рече еден член, кој е под 18 години и зборуваше под услов да остане анонимен со дозвола на неговата мајка. пишува „Вашингтон пост“.

Дискорд во вчерашното соопштение рече дека соработува со американските власти, откако Министерството за правда на САД минатата недела започна официјална кривична истрага.

Пентагон, кој го покрена случајот, во моментов ја проценува штетата предизвикана од она што може да биде најштетното објавување на доверливи американски информации во последниве години, според Ројтерс.

Треба да знаете
Последни објави