Нов земјотрес во југоисточна Турција

Земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала денеска напладне ја потресе турската провинција Адијаман на југоистокот од земјата, соопшти Агенцијата за управување со катастрофи.

Според извештаите, земјотресот се случил во околината на градот Синџик во 16 часот и 26 минути по локално време, пренесува РИА Новости.

Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од седум километри.

Речиси 60.000 луѓе загинаа во разорниот земјотрес од 7,8 степени што на 6 февруари ги погоди јужна Турција и северозападна Сирија, а оттогаш речиси секој ден се забележуваат послаби потреси во областа.

Треба да знаете
Последни објави