Search

Четворица војници загинаа во вооружен инцидент во касарна во Индија

Четворица индиски војници загинаа денеска во касарна за време на вооружен инцидент, соопштија официјални лица, истакнувајќи дека потрагата по напаѓачите е во тек.

– Непознат број луѓе, кои пукаа во војници во касарната Батида во пограничната држава Пенџаб, се уште се на слобода и поседуваат оружје, изјави претставник од Министерството за одбрана.

Инцидентот „не е терористички напад“ и се случил во менза, изјавил за британски медиум висок полициски функционер во Пенџаб.

 „Инцидентот се случи во 4 часот и 35 минути наутро. Активирани се тимови за одговор при итни случаи. Просторот е ограден и блокиран. Потрагата е во тек, а се утврдуваат сите детали“, се вели во соопштението на армијата.

Во овој објект, на околу 280 километри северозападно од Њу Делхи, се сместени претежно семејства на војници и станува збор за станбена воена база. 

Треба да знаете
Последни објави