Search

Хаос во соблекувалната на Баeрн по поразот од Сити: Мане му удрил шлаканица на Сане

На баварскиот великан му беше тешко да го поднесе поразот од Сити во четврт-финалето од Лигата на шампионите. По болните 3:0 на „Етихад“, навивачите на социјалните мрежи се расплакаа по од неодамна екс-тренерот Јулијан Нагелсман, а исто така и повредениот голман Мануел Ноер, попатно упатија расистички коментари кон трагичарот Упамекано, а подоцна протекоа гласини и за тепачка на двајцата „капиталци“ на Баерн.

Имено, во соблекувалната наводно дошло до класична пресметка помеѓу сенегалската ѕвезда Садио Мане и германскиот репрезентативец со сенегалско потекло Лерој Сане.

Германскиот Билд пренесува дека вообичаено мирниот Мане го удрил својот соиграч во лицето. Веќе можеше да се видат искри кои летаат меѓу двајцата на теренот, а сето тоа кулминираше кога Баерн го прими третиот гол, што предизвика голема нервоза.
Жестоката расправија продолжила во соблекувалната и наводно останатите соиграчи морале да ги разделат. Билд понатаму пренесува дека Мане ќе биде парично казнет поради неговото однесување.

Сенегалецот влезе дури во 69. минута, а многумина се согласуваат дека не успеа да го постигне ниту приближното ниво на форма што ја имаше во Ливерпул.

Треба да знаете
Последни објави