Search

Уапсени четворицата суспендирани косовски полицајци поради пукањето врз Срби на северот од Косово

Четворица косовски полицајци се уапсени и суспендирани во врска со синоќешното ранување на Србите на северот од Косово, потврди министерот за внатрешни работи Џељаљ Свечља. Тој тврди дека еден од полицајците пукал со пиштол во автомобилот откако возачот одбил да застане, пишува „Коссев“.

„Откако полицаецот дал знак да застане, возачот не застанал туку продолжил во правец на Звечан. После тоа, полицаецот пукал со пиштол во автомобилот, во кој е повреден државјанин М.Ј.“ – еден ден по ранувањето на Србин на северот од Косово, изјави косовскиот министер за внатрешни работи.

Србинот М.Ј од селото Жеровница кај Звечани синоќа бил ранет од огнено оружје на мостот Бистрица каде од декември минатата година се стационирани специјалните единици на косовската полиција.

Специјалните единици признале дека во престрелката учествувал и еден нивни полицаец, а како причина за демантирање на синоќешните тврдења наведуваат дека првично не им го признал тоа. Против него, како и против уште тројца полицајци – за евентуална вмешаност веднаш се покренати мерки за суспензија, тврдат од полицијата.

Во текот на денот, како што соопшти Свечља, тие биле суспендирани, а по распитот биле уапсени. Како што прецизираше тој, на полицајците им е одреден притвор до 48 часа, еден поради „непријавување и учество во случајот“, а тројца поради сомнение дека не го пријавиле случајот.

Свечља вечерва соопшти дека инцидентот се случил на патот Лепосавиќ – Звечан, иако не прецизираше за точна локација.

Треба да знаете
Последни објави