Search

Средба на министерот за транспорт и врски, Бочварски, со претставници на Сојуз на синдикати на Македонија и претставници од Здружение на градежништвото индустријата на градежни материјали и неметалите

Ве информираме дека министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски денеска во просториите на Министерството за транспорт и врски оствари работна средба со претставниците на Сојуз на синдикати на Македонија и претставници од Здружение на градежништвото индустријата на градежни материјали и неметалите.

На средбата се разговараше за пакетот законски измени кои се опфатени за изградба на Коридорите 8 и 10-Д, посебно во делот на надлежностите на Министерството за транспорт и врски, односно Законот за градење и Законот за урбанистичко планирање.

Министерот Бочварски го потенцираше проектот за доизградба на Коридорот 8 и Коридорот 10-Д како најзначаен инфраструктурен капитален проект со стратешко значење, на кој се посветува огромно внимание и посочи дека претставува огромна можност домашната градежната оператива да биде вклучена во неговата реализација.

Министерот побара целосна поддршка од градежните комори се со цел брза, навремена и ефикасна изградба на автопатските делници на споменатите коридори.

Од Здружение на градежништвото индустријата на градежни материјали и неметалите истакнаа дека ги препознаваат предностите на измените на Законот за градење и Законот за  урбанистичко планирање, како и Законот за експропријација, со можност постапките да се применуваат и врз другите капитални проекти.

На средбата се отвори и прашањето за Законот за работни односи и неговата примена во проектот за изградба на автопатските делници на Коридорите 8 и 10, при што се разгледаа неколку опции и Министерството и ССМ се согласијана нова средба со конкретни предлози по празниците.

Треба да знаете
Последни објави