Search

Спалети: Го познавам мојот тим и тие ќе направат се за да го победат Милан

Тренерот Лучијано Спалети на лидерот во италијанската фудбалска Серија А и најсериозен кандидат да го освои скудетото, Наполи ги сподели своите очекувања за вечерашниот (21 ч.) натпревар со Милан во рамките од четвртфиналето во еклитнот клупско натпреабрување Лигата на шампионите.

– Ни претстојат уште многу важни натпревари. Поминуваме низ добра фаза во нашите кариери, играчите и јас. Неопходно е да ја пренесете желбата и нашиот ентузијазам на теренот. Ова е турнир на шампиони, а шампионите не се штедат, ја наоѓаат потребната сила. Го познавам мојот тим, знам дека моите фудбалери ќе дадат максимум за да го поминат Милан, изјави Спалети.

Првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите помеѓу Наполи и Милан ќе се одржи вечер на „Сан Сиро“ во Милано со почеток во 21 часот.

Пред неколку дена Наполи на домашен терен загуби од Милан убедливо со 0:4 во натпревар од Серија А.

Треба да знаете
Последни објави