Search

Седница на Уставен суд

На дневен ред на денешната седница на Уставниот суд се пет иницијативи за оценување на уставност и законитост, едно барање за заштита на слободи и права и предлог за одлучување по нацрт-одлука. 

Пред уставните судии ќе се најдат иницијативите поднесена на Законот за решавање на спорот помеѓу Владата на Република Сверна Македонија и Макпетрол АД Скопје. Подносители на инцијативите се Светски Македонски Конгрес преку претседателот Тодор Петров и Политичка партија „Левица“ преку претседателот проф. д-р Димитар Апасиев.

На дневен ред меѓу другите точки се и оспорените одредба на член  6  став  3  од  Законот  за судските такси,  на членот 152 став 1 точка 2) во делот „став (4)” од Законот за градење, како и барањето за Заштита на слободите и правата што се однесуваат на дискриминација по основ на социјална припадност, поради невакцинираност, кршење на правото на слобода на совеста и уверувањето во штетноста на вакцините.

Треба да знаете
Последни објави