СДСМ: Левица е иста како ВМРО-ДПМНЕ, се восхитува на авторитарни режими и сака да ја види државата во изолација

Оддавањето почит на партиска делегација на Левица предводена од нивниот претседател, на гробот на Енвер Хоча е само потсетник за тоа колку оваа партија е радикално вљубена во режим.

Левица е иста како ВМРО-ДПМНЕ. Воспева тоталитаристички лидер кој својата земја со децении ја има затворено, уназадено и меѓународно изолирано.

Левица е радикална партија поддржувач на авторитарни режими и во тоа е иста како ВМРО-ДПМНЕ, партијата која и сама имаше инсталирано режим во нашата држава.

ВМРО-ДПМНЕ и Левица се лицето и опачината на ретроградните елементи на политичката сцена во Македонија. Затоа  се единствените кои се против европската иднина на државата и затоа секојдневно се натпреваруваат во тоа кој ќе има порадикални и поекстремни ставови.

Поради таквиот меѓусебен однос, Христијан Мицкоски ја доведува ВМРО-ДПМНЕ во заложништво на Апасиев и Левица

Треба да знаете
Последни објави