Search

Протест на битолчани за починатото новороденче и за Јана: Оставката на директорот на болницата не е доволна

Во знак на сочувство за починато новороденче и шестгодишното девојче Јана, битолчани попладнево одржаа мирен протест пред ЈЗУ Клинична болница „Др Трифун Пановски“-Битола.

Со едноминутно молчење и звук на сирена, учесниците на протестот порачаа дека недозволливо е во напредна медицина да се случуваат трагедии.

-Сирената е вклучена, а вклучен е и алармот за битолската болница. Недозволиво е во 21. век со толку напредна медицина, на ваков начин да заминуваат нашите најмили. Со едноминутно молчење оддаваме почит за прераната смрт на сите дечиња што ја доживеале судбината на Јана. Оставката на досегашниот директор за нас ништо не значи бидејќи тој сам изјави дека состојбата во болницата е очајна и затоа сметаме дека инспекцијата не треба да доаѓа само кога се случуваат трагедии, туку постојано, истакна Игор Петковски, претставник на организаторот на протестот.

Битолчани побараа јавно соопштување на причините за двете трагедии што се случија во ЈЗУ Клиничка болница „Др Трифун Пановски“-Битола.

Треба да знаете
Последни објави