Пиоли: Милан веќе го надмина резултатот од минатата сезона, а сега ќе се обиде да ја надмине и бариерата од четвртфиналето во ЛШ

Тренерот на актуелниот италијански фудбалски првак Милан, Стефано Пиоли ги искажа очекувањата за вечерашниот натпревар со Наполи во четвртфиналето на Лигата на шампионите.

– Смирени сме бидејќи знаеме дека се подготвивме за овој натпревар на најдобар можен начин. Ги разбираме сите тешкотии со кои треба да се соочиме. Лигата на шампионите е елитно натпреварување. Ние сакаме да го покажеме нашиот најдобар фудбал. Милан има фантастично успешна историја во Лигата на шампионите. Во исто време, неколку години не можевме да влеземе на овој турнир. Утрешниот натпревар е многу важен. Веќе го надминавме резултатот од минатата сезона, а сега ќе се обидеме да ја надминеме и бариерата од четвртфиналето. Наполи е многу силен. Но, во оваа фаза, на турнирот останаа само силни противници. Мора да ја дадеме целата наша сила, изјави Пиоли.

Натпреварот ќе се игра вечер од 21 часот на „Сан Сиро “ во Милано.

Треба да знаете
Последни објави