Search

Моторџија прегази мајка и дете во Карпош 4, се обидел да избега и удрил во автомобил

Моторџија прегази мајка и дете во Карпош 4, во близина на стара телевизија. Во обид да избега, неофицијално, моторџијата удрил во автомобил кој се движел од спротива, објави „А1он“.

Според првичните информации, момчето претекнувало цела колона и не забележало дека на пешачкиот премин поминува жена со две мали деца во кои удри неможејќи да сопре. Веднаш потоа се обиде да избегал, но по него се затрчале неколку мажи кои го фатиле и не му дозволиле да си оди.

Не се знае видот на повредите на мајката и детето, кои со Брза помош се пренесени во болница. Тие биле во шок, сведочат случајни минувачи, кои додаваат дека во помош истрчале вработени во локалниот старечки дом, како и случајни минувачи.

Треба да знаете
Последни објави