Search

Москва: САД создаваат „универзално“ биооружје со генетски инжењеринг

Комисијата за контрола на руската државна Дума ја заврши истрагата за биолошките активности за воени цели на Вашингтон во лабораториите низ Украина врз основа на наодите утврдени во текот на минатата година од руските Трупи за радијациска, хемиска и биолошка одбрана, пренесува „Спутник“.

Во заклучокот од истрагата на американските биолаборатории во Украина се вели дека „Вашингтон работи на „универзално“ биолошко оружје дизајнирано со генетски инжењеринг да предизвика сериозни штети кај непријателите споредливи со оние што би ги предизвикала т.н. „нуклеарна зима“.

„САД имаат за цел да развијат универзално биооружје способно да ги инфицира не само луѓето, туку животните, како и земјоделските култури. Неговата цел вклучува, меѓу другото, нанесување голема и непоправлива економска штета на непријателот“, напиша комисијата во завршниот извештај.

Според извештајот, тајната и таргетирана употреба на такво оружје во очекување на неизбежен директен воен судир може да им овозможи значајна предност на американските сили пред противникот, дури и против оние противници кои поседуваат други видови оружје за масовно уништување.

Поседувањето такво високоефикасно биолошко оружје создава, според мислењето на американската војска, вистински предуслови за промена на природата на современите вооружени конфликти, се вели во извештајот.

Во него, меѓу другото, се посочува дека, за жал, современите научни достигнувања на полето на генетскиот инженеринг, биотехнологијата, токсикологијата и синтетичката биологија ја зголемија можноста за нивна примена за создавањето напредни агенси за биолошко оружје од новата генерација.

Во исто време, откривањето и идентификувањето на нивната примена со користење на традиционални дијагностички алатки стана исклучително тешка.

„Ситуацијата ја прави уште посериозна фактот дека производството на такви биолошки агенси лесно може да се распредели низ различни индустриски ентитети кои можат да ги прикријат агенсите како производи за мирнодобска примена“, се наведува во документот.

Според извештајот, создавањето нови, уште понапредни биолошки агенси не ги отстранува опасностите од традиционалните биолошки оружја.

„Меѓу нив се агенсите како сипаници, антракс, туларемија и чума, кои може да бидат модифицираат за им се зајакнат смртоносните својства. Тука е објективната тешкотија да се утврди вистинската причина за појавата на заразни болести, кои можат да бидат и природни и вештачки,“ предупредува Комисијата на руската Дума.

Опасноста од американското биолошко оружје

Според комисијата на Думата, американската програма за биолошко оружје распространета низ целиот свет е најголемата јасна и реална опасност за биолошката безбедност и на Русија и на светот.

Во последните неколку години, таа се фокусира на офанзивни дејства извршени под превезот на активности дозволени според Конвенцијата за биолошко оружје, како и на антитерористички проекти.

Според комисијата, клучна разлика помеѓу традиционалните програми за биолошко оружје и современите програми што ги спроведува Пентагон е склоноста кон употреба на патогени на малку проучени природни инфекции со висока стапка на смртност, долг период на инкубација и симптоми типични за вообичаени болести. Ова ја комплицира способноста на противниците да ја откријат употребата на такво оружје и брзо да го идентификуваат напаѓачот.

Меѓу најголемите закани, според извештајот, се воените биолошки истражувања засновани на работа со декодираниот човечки геном, кој се заканува радикално да ја промени целата геополитичка и воена ситуација во светот, а според значењето е споредлив со почетокот на „атомската ера“ во 1940-тите и 1950-тите.

Треба да знаете
Последни објави