Search

Манчестер сити 25 натпревари без пораз дома во ЛШ, ова е рекорд за англиските клубови

Актуелниот првак во премиерлигашката конкуренција Манчестер сити постави рекорд кога станува збор за настапот на англиските клубови во фудбалската Лига на шампионите.

Во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите „граѓаните“ на домашен терен го победија Баерн со 3:0. По овој натпревар, серијата без пораз на Манчестер сити на домашен терен на овој турнир достигна 25 натпревари од кои 23 се победи, а два нерешени исхода.

Ова е рекордна бројка за англиските клубови. Вкупната гол-разлика на овие натпревари е 81:19 во корист на Манчестер сити.

Реваншот помеѓу Баерн и Манчестер сити ќе се игра во Минхен на 19 април. 

Треба да знаете
Последни објави