Search

Лондон: Во протечените американски тајни документи има „сериозно ниво на неточност“

Британското Министерство за одбрана денеска предупреди дека протечените американски тајни документи претставуваат ризик од дезинформации.

– Протекувањето на она што беше претставено како тајни американски документи, што наиде на голем одзив, покажува сериозно ниво на неточност. Читателите треба да бидат претпазливи пред да веруваат во наводите кои потенцијално би можеле да шират такви дезинформации, објави на Твитер портпаролот на британското Министерство за одбрана.

Британските медиуми повикувајќи се на документ од 23 март објавија дека Велика Британија има најголем контингент специјални сили во Украина (50), а потоа следат другите земји-членки на НАТО Литванија (17), Франција (15), САД (14), Холандија (една).

Според „Гардијан“ документот навестува дека половина од западните специјални сили присутни во Украина во февруари и март биле Британци.

– Протечените документи, од кои некои се класифицирани како строго доверливи, покажуваат детална слика за војната во Украина, вклучувајќи и чувствителни детали за подготовките на Украина за пролетната контраофанзива, објави Би-би-си. 

Треба да знаете
Последни објави