Search

Во таски возило кај Плетвар полицијата затекнала 4.000 капсули тромадол

Две лица од Прилеп се приведени, кога во такси возило во кое биле, полицијата затекнала 4.000 капсули тромадол без документација.

Вчера на патот Градско-Прилеп (превој Плетвар), полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишиле од слобода Г.Ј.(54) од Прилеп и З.Р.(53) од Прилеп. При преглед на патничко такси возило „ауди а4“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Г.Ј., во кое се превезувал З.Р., биле пронајдени ќеси со 4.000 капсули трамадол без документација, соопшти МВР.

По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Треба да знаете
Последни објави