Search

(Видео) Шварценегер асфалтираше дупка во своето соседство

Актерот Арнолд Шварценегер ги презеде работите во свои раце откако му здодеа недејствувањето на властите во неговата област и закрпил дупка на патот што му правела проблеми нему и на неговите соседи.

„Откако целото соседство беше вознемирено поради оваа огромна дупка на патот што со недели ги оштетува автомобилите и велосипедите, денеска излегов со мојот тим и ја поправив. Секогаш велам – да не се жалиме, ајде да направиме нешто околу тоа“, напиша 75-годишниот поранешен гувернер на Калифорнија на Твитер, каде што објави видео како го поправа патот.

Треба да знаете
Последни објави