Убиецот од казиното во Капиштец доби кривична, уште е во бегство

На 10.4.2023 година СВР Скопје поднесе кривична пријава до ОЈО Скопје против Џ. С. (44) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело убиство, казниво по чл. 123 од Кривичниот законик.

Имено, на 31.3.2023, околу 8.02 часот, во казино на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов, Џ. С. со пиштол пукал во Н. А. (46) од с. Арачиново, со кого претходно играле на апаратите во казиното, по што Н. А. подлегнал на повредите.

Од страна на полициски службеници од Единицата за насилен криминал – Одделение за крвни и сексуални деликти, по преземени мерки и активности, како и врз основа на извршените вештачења, утврден е идентитетот на сторителот на кривичното дело, а обезбедено е и огненото оружје со кое Џ. С. го извршил кривичното дело.

Пукањето и убиството во скопски Капиштец се случило по турканица во казино, лоцирана непосредно до автобуската станица.

Двајцата играчи седеле заедно во казиното на слот-машините и играле кога одеднаш станале меѓусебно почнале да туркаат, едниот од нив го извадил пиштолот и пукал во лицето од Арачиново, кое починало на местото.

Треба да знаете
Последни објави