Search

Kонтинуиран образовен процес за малолетниците во воспитно-поправните и казнено поправните установи

Владата, на предлог на Министерството за образование и наука го утврди и Предлогот за измени и дополнувањата во Законот за основното  образование.

Целта е регулирање на воспитно образовниот процес во воспитно-поправните и казнено поправните установи.

Со измеите и дополнувањата на законот, е предвидено да се обезбеди континуиран образовен процес за малолетниците во воспитно-поправните и казнено поправните установи, чие образование ќе се заврши со документ за завршено формално основно образование-свидетелство.

Предложени се измени се во насока –  основно образование во казнено-поправни установи да се реализира по наставен план и наставни програми за основно образование на возрасни, а да го реализира училиштето кое има верификација за образование за возрасни и реализира настава на мајчин јазик на ученикот во овие установи. 

Основното образование во воспитно-поправни установи се реализира по посебен наставен план и наставни програми, а го реализира училиштето кое има верификација за основно образование за деца во воспитно-поправни установи и реализира настава на мајчин јазик на ученикот во овие установи. Со тоа би се реализирале дел од препораките во Извештајот на Европската Унија за напредокот на земјата во делот на човекови права.

Треба да знаете
Последни објави