Search

Јанчева: Депонии на секој чекор, неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ се гледа и во Скопје

Почитувани,

Нова катастрофа му се случува на Скопје секогаш кога ВМРО-ДПМНЕ го води Градот и општините.

Ова е дива депонија во Долно Лисиче, општина Аеродром, една од многуте диви депонии кои се наоѓаат во скоро секоја скопска населба.

Едно од клучните ветувања на градоначалничката Данела Арсовска беше дека ќе ги исчисти сите диви депонии во Градот уште во првите 82 дена.

Денес, една и пол година од мандатот не само што претходните депонии не се исчистени, туку секојдневно се создаваат нови кои постојано растат.

Во Скопје предводено од Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ нема нови проекти, нема решенија, но затоа има нови депонии има партиски вработувања.

Ете што се случува кога ВМРО-ДПМНЕ и шпицниот градоначалник Христијан Мицкоски имаат шанса да раководат со Градот и најголемиот дел од скопските општини.

ВМРО-ДПМНЕ предводено од Мицкоски е истата партија предводена од Никола Груевски, таму нема никаква промена.

Наместо за граѓаните, за општините, градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се грижат единствено за личните и бизнис интересите на партиските функционери.

Градска и локална власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски значи уназадување на Скопје и општините, безидејност, неработење, масовна партизација и поскапи услуги за граѓаните.

Жителите на Скопје не заслужуваат ваква неспособна власт.

Треба да знаете
Последни објави