Search

Ѓоковиќ стаса до 300. победа на земја по првиот меч во Монте Карло

Најдобриот тенисер во светото, Србионот Новак Ѓоковиќ се пласите во второто коло на Мастерсот во Монте Карло, откако во првиот меч на земјена подлога оваа сезона, го победи Русинот Иван Гахов со 7:6(5)/6:2. Ова беше јубилејна 300. победа на земјена подлога во кариерата на Србинот. Првата пречка на престижниот турнир ја поминаа и Александер Зверев, Андреј Рубљов и Григор Димитров.

Зверев почна лошо, губејќи го првиот сет, пред со 3:6/6:2/6:4 по два часа да го совлада Казахстанецот Александер Бублик за да обезбеди дуел против Шпанецот Робрто Баутиста-Агут.

Григор Димитров, пак, исто така играше во три сета, победувајќи го младиот Американец Бен Шелтон со 6:1/3:6/6:3 за во второто коло да се сретне со Чехот Јиржи Лехецка, кој со 6:1/7:5 беше подобар од Емил Русовори. Тежок почеток на земјената подлога имаше и рускиот петти носител, Андреј Рубљов, кој со 4:6/6:2/6:2 го победи Хауме Мунар.

Треба да знаете
Последни објави