Search

Фрлени молотови коктели во фирма во Карпош, оштетени машини и комбе

На 11.04.2023 околу 04.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во фирма на бул.„8 Септември”, сопственост на К.Ф.(48) од Скопје биле фрлени тврди предмети и шишиња со запалива течност.

Според пријавеното, пожар не бил предизвикан, туку биле оштетени работна машина и комбе „фиат” со скопски регистарски ознаки, сопственост на фирмата.

Увид бил извршен и се преземаат мерки за расчистување на случајот.    

Треба да знаете
Последни објави