Search

Слободен влез за клучниот натпревар на МЗТ Скопје во АБА лигата

Македонскиот шампион МЗТ Скопје со двете победи против Задар и Сплит се доведе во ситуација да биде жив вор борбата за опстанок во АБА лигата до завршното коло во кое ќе ги одмери силите со Цибона.

На „штрковите“ им е потребен уште еден триумф, а за истиот побараа поддршка од своите навивачи. Средбата се игра в петок од 18 часот, а влезот ќе биде слободен.

Триумм за МЗТ нема да значи испаѓање од лигата затоа што потоа ќе мора да го сочека резултатот од дуелот меѓу Будуќност и Борац Чачак каде домаќините се апсолутнии фаворити. Ако македонскиот шампион си ја одработи својата задача, а Будуќност не дозволи изненадување во својот дом, тогаш „штрковите“ ќе го избегнат последното место на табелата во АБА лигата и ќе играат бараж со екипа која ќе дојде од АБА2 лигата.

Треба да знаете
Последни објави