Search

Пратеникот на ВМРО-НП до Владата: Објавете го договорот со ‘Бектел и Енка’, – зошто го потпишавте па барате измени на закони?

Пратеникот Љупчо Балкоски од ВМРО-народна партија побара јавно да се објави договорот помеѓу Владата и компанијата ‘Бектел и Енка’ за изградба на автопатишата. Балкоски посочи: „Бидејќи договорот не е доставен официјално, бараме од Владата да го објави договорот или да го презентираат на коморите, стручните здруженија и невладини организации од оваа дејност и да објасни – дали измените и дополнување на законите се содржани во договорот како обврска на Владата“.

Добивај вести на вибер

„Зошто е потпишан прво договорот, па се прават измени на закони, кои на стратешкиот партнер му даваат најповластена состојба од сите досегашни инвеститори во Македонија?“, праша Балкоски и додаде „ВМРО-народна партија гласаше против предлогот за потребата од донесување на предлог закони по скратена постапка за изградбата на коридорот 8 и коридорот 10Д гласаше против тие да се разгледуваат на седница на Собранието“.

Тој додаде дека Владата треба да објасни зошто надлежните министерства не се подносители на законите, туку ги поднесуваат пратениците.

„Договорот со ‘Бектел и Енка’ е потпишан на 28.03.2023 година, а на 04.04.2023 година се отпочнати и работите. Не може по потпишување на договор и започнување на работите, да се менуваат условите за работа, поготово со менување на закони кои имаат влијание врз изградбата, финансиите и рокот за изградба. ВМРО-НП уште при донесување на основниот закон во 2021 година, реагираше на членовите од договорот со кој се исклучуваат примените на законите во целост или делумно и ги потенцираше сите проблеми кои сега се отвораат. Напоменуваме дека со донесување на овие закони, се исклучува применат ана финансискиот систем на државата и на правниот систем во делот на важноста на овие закони“, рече Љупчо Балкоски.

Тој бара повлекување на законите.

Треба да знаете
Последни објави