Search

Повреден полицаец и одбојкар на Шкендија за време на натпреварот со Борец во Велец

Фрлање предмети помеѓу гостинската екипа и публиката, две повредени лица. Ваков е епилогот за одбојкарскиот натпревар синоќа во салата „Гемиџии“ во Велес кој се одвивал помеѓу екипите на ГОК Борец од Велес и ОК Шкендија од Тетово.

„Дел од играчите на гостинската екипа и дел од присутните во публиката фрлале едни кон други со разни предмети. Притоа, со повреди се здобиле еден полициски службеник и еден играч на ОК Шкендија, соопшти МВР.

Се работи на расчистување на случајот, по што ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Треба да знаете
Последни објави