Search

Министерот за правда Лога оствари средба во Собрание со координаторите на пратеничките групи

 Министерот за правда Кренар Лога денеска остварил средба со координаторите на пратеничките групи во Собрание. Средбата, како што информираа од Министерството за правда, поминала во конструктивна атмосфера.

Лога ги информирал претставниците на ВМРО ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и Алијанса на Албанците за работната група за изборни реформи, потребата од имплементирање на препораките на ОБСЕ/ОДИХР во Изборниот законик, како и иницијативата за нов Изборен Законик.

– Се дискутираше и за законодавната агенда, законите кои се предложени од Министерството за правда како и можностите  за нивно побрзо  усвојување во Парламентот. Договорено е вакви средби во Собранието да се одржат и во наредниот период а соработката со пратениците да се интензивира, информираат од Министерството за правда.

Треба да знаете
Последни објави