Search

Меланија Трамп се огласи по апсењето на сопругот: Не верувајте им на медиумските шпекулации

Една недела откако поранешниот претседател на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп беше приведен во Њујорк, денеска се огласи неговата сопруга Меланија Трамп, која порача дека јавноста не треба да верува во шпекулациите за нејзините „лични, професионални и политички ставови“.

Добивај вести на вибер

Во соопштението од кабинетот на поранешната прва дама на САД не се наведуваат конкретни медиуми, туку се критикуваат текстови во кои „се споменуваат неименувани извори за да се поткрепат тврдењата на авторот“, пренесува „Њујорк пост“.

„Ги замолуваме читателите да бидат внимателни при утврдувањето дали приказните за поранешната прва дама се вистинити или не, особено кога г-ѓа Трамп не се наведува како извор“, се вели во соопштението.

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп се изјасни за невин пред судот на Менхетен за сите обвиненија поврзани со плаќањата за време на изборната кампања во 2015 година, особено оние на неговиот поранешен адвокат Мајкл Коен, кој платил 130.000 долари на Сторми Даниелс за да ја замолчи, бидејќи порно актерката наводно имала афера со Трамп.

Треба да знаете
Последни објави