Го смениле урбанистичкиот план за да легализираат објекти на Ѓукановиќ

Дирекцијата за просторно планирање и информациски системи при црногорското Министерство за екологија, просторно планирање и урбанизам подготвила Нацрт- измени и дополнување на Просторно-урбанистичкиот план на општина Никшиќ, со кој практично се легализираат дивоизградените објекти во Кочани, кои се во сопственост на поранешниот претседател Мило Ѓукановиќ.

Според црногорскиот информативен портал „Прес“, станува збор за објекти за кои градежната инспекција веќе има донесено решение за уривање на почетокот на месецов.

Во новиот нацрт- план, зелените површини (ЗП), на кои се наоѓаат дивоградбите на Ѓукановиќ се пренаменети во земјиште за домување со мала густина (СМГ).

Локацијата на дивоградбите на Ѓукановиќ е означена со црвен круг.

Со црногорската Дирекција за просторно планирање и информациски системи раководи Марина Изгаревиќ Павиќевиќ, функционер на Демократската партија на социјалистите (ДПС), која беше именувана на актуелната фукција минатата година, на предлог од министерката Ана Новаковиќ Ѓуровиќ

Кон крајот на февруари годинава беше објавено дека измените на Просторно-урбанистичкиот план (ПВП) на општина Никшиќ најмногу се однесуваат на планирање на електроенергетските постројки – соларни централи и инфраструктурни системи – за сообраќајна и електроенергетска инфраструктура, како и за дефинирањето на подрачјата за експлоатација на минерални суровини.

Тогаш никој не спомна дека ќе се менува и планот за просторот кај езерото Крупац, каде што се наоѓаат дивоградбите на Ѓукановиќ.

Да потсетиме, поранешниот црногорски претседател Мило Ѓукановиќ узурпираше две парцели во градот Кочани кај Никшиќ кои се во државна сопственост и на нив изгради ѕид висок неколку метри.

Треба да знаете
Последни објави