Search

ВМРО-ДПМНЕ: Нула транспарентност за битолските случаи штети на здравствените работници и на пациентите, потребно е расчистување на случаите и одговорност

НУЛА ТРАНСПАРЕНТНОСТ ЗА БИТОЛСКИТЕ СЛУЧАИ ШТЕТИ НА ЗДРАВСТВЕНИТЕ РАБОТНИЦИ И НА ПАЦИЕНТИТЕ, ПОТРЕБНО Е РАСЧИСТУВАЊЕ НА СЛУЧАИТЕ И ОДГОВОРНОСТ

Итно бараме целосно расчистување на случаите во Болницата во Битола кои за помалку од еден месец ја потресоа македонската јавност- починато девојче од битолско Кравари и случајот со новороденчето што почина пред два дена.

Апелираме комисијата при ДСЗИ и стручниот надзор за случајот со починатото новороденче задолжително покрај утврдувањето на сите факти за третманот на пациентката, истовремено да даде стручни препораки за подобрување на состојбата конкретно во битолската болница и за корективните мерки јавноста да биде информирана. Потсетуваме дека јавноста не го доби интегрално извештајот од стручниот надзор ниту за девојчето кое почина од битолско Кравари, а ниту во тој случај не видовме корективни мерки кои што би биле превземени во битолската болница за да ваков немил настан не се повтори.

Оставката на директорот на битолската болница нема да промени ништо суштински, а со продолжување на институционалниот молк и непреземањето апсолутно никакви корективни мерки наместо да се разрешат отворените дилеми, со стручни факти и аргументи и транспарентно, самите надлежни институции учествуваат во градењето на истата таа недоверба кон здравствениот систем и медицинскиот персонал.

Како здравствени работници сметаме дека интегритетот на здравствениот работник е неспорен.

Токму ваквиот досегашен пристап со нула транспарентност за извештаите од комисиите за стручен надзор, немањето корективни мерки за одредени аномалии за тие да не се повторат, како и неводењето грижа во овој сегмент креираат недоверба и се на штета на целиот здравствен систем и тоа како на здравствените работници, така, но и најмногу на штета на пациентите.

Треба да знаете
Последни објави