Search

(Видео) „Претседател на насилството и лицемерието“- демонстрантите го прекинаа говорот на Макрон во Хаг

Холандските демонстранти денеска го прекинаа говорот на францускиот премиер Емануел Макрон во институтот Нексус во Хаг, по што тој рече дека оние кои не го почитуваат изборниот процес и избраните лидери ја ставаат на ризик демократијата.

Макрон требаше да одржи говор за европскиот суверенитет на почетокот на државната посета на Холандија, по неколкунеделните протести низ Франција против пензиските реформи, пренесува Ројтерс.

„Каде е француската демократија? „Кога ја изгубивме?“, извика еден од демонстрантите, додека друг покажа транспарент на кој пишуваше „Претседател на насилството и лицемерието“.

Агенцијата јавува дека Макрон неколку минути се обидувал да ги надгласа демонстрантите кои викале.

Тој рече дека социјалната дебата е „многу важна“, но дека конференцијата не е место за протести.

Треба да знаете
Последни објави