Search

Вардар не се изрезили во Нови Сад и со втор триумф го верификуваше настапот на завршниот турнир во СЕХА-лигата

По Еурофарм Пелистер и македонскиот ракометен првак Вардар обезбеди пласман на завршниот Ф4-турнирот од регионалната СЕХА-лига, откако и на ревеншот ја победи Војводина во Нови Сад (26:32). За петкратниот регионален првак Вардар кој обезбеди убедлив триумф на првиот меч во Скопје (38:25) почетокот на натпреаврот во Нови Сад не беше пријатен. Подмладениот состав на Војоводина почна убедливо поведе со 6:1, а на полувреме замина со 15:11. Работите се сменија во вториот дел кога се разиграа Талески, Георгиевски и Чувара и не дозволоија изнеандување.

Вардар ја продолжи традицијата да игра на завршните турнири во СЕХА лигата. Во досегашното регионално натпореаврување Вардар не беше на завршницата само еднаш кога го елиминираа по административен пат.

Најдобар стрелец кај победникот беше Гоце Георгиевски со десет гола од десет обида, пред Чувара со седум, а Талески даде шест гола, додека кај Војводина, Симо Шијан постигна девет гола.

Треба да знаете
Последни објави