Search

Касами: Соработка со „огнените“ да, ако се отцепат од ДУИ

Лидерот на Движење Беса и актуелен градоначалник на општина Тетово, Биљал Касами вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека Алијанса за Албанците со (лидерот Арбен) Таравари ја спасија оваа Влада.

„Подочно го спасија ДУИ од распаѓање. Но тоа нема да трае долго, дури ни направија и услуга, ни го ослободија опозицискиот терен и на наредни избори Беса ќе биде прва партија со најмногу гласови кај Албанците“, вели Касами.

Тој додава дека е можна соработка со таканаречената „Огнена група“.

„Имаме комуникација со „Огнените“, сега кога функционираат како фракција, споделуваме исти вредности, и верувам дека може да направиме разлика, но само под услов да се отцепат целосно од ДУИ“, вели Касами.

Треба да знаете
Последни објави