ВМРО-ДПМНЕ: Уставни измени во овој парламентарен состав нема да има, во недостаток на реални проекти СДС и ДУИ се како расипана грамофонска плоча со уставните измени

Уставни измени во овој парламентарен состав нема да има, во недостаток на реални проекти СДС и ДУИ се како расипана грамофонска плоча со уставните измени.

Шест ипол години нема ниту еден поголем проект. Шест ипол години Македонија само тоне во сиромаштија, половина милион луѓе живеат со по 150 денари на ден, а власта која не нуди иднина, влегува од национална отстапка во национална отстапка.

Ставот на ВМРО-ДПМНЕ е дециден и тој нема да се промени, уставни измени нема да има. СДС и ДУИ зборуваа за хрватски Устав, кога рековме истиот како модел да се преслика, тие ретерираа, се виде колку се Европејци. На виделина излегоа сите лаги и клевети, се виде која е целта.

Уставни измени не може да се носат без консензус на македонскиот народ, консензус нема.

Треба да знаете
Последни објави