Search

(Видео)Незадоволниот Гордон одби да се ракува со тренерот

Англискиот фудбалски премиерлигаш Њукасл, во јануари на Евертон му платија 45 милиони евра за да го ангажира Ентони Гордон. Талентираниот фудбалер не успеа да се наметне во тимот на тренерот Еди Хау. Досега одигра само седум натпревари без забележителен учинок. Поради лошата форма и скандалот што го предизвика во саботата, не е исклучено Њукасл на крајот од сезонава да го продаде Гордон.

Њукасл го победи Брентфорд, а Гордон играше во второто полувреме. Не покажа ништо, па во самиот финиш менаџерот Хау реши да го замени со искусниот Мет Ричи.

Одлуката на менаџерот воопшто не му се допадна на Гордон, изнервиран тргна кон аут-линијата, а кога Хау сакаше да се ракува со него тој го оттурна својот тренер. Доби свирежеи од навивачите на Њукасл, а Хау уште еднаш го запре за да го смири пред да седне на клупата.

Треба да знаете
Последни објави