Search

Бајден планира да се кандидира на изборите во 2024 година

Американскиот претседател Џо Бајден (80) денеска изјави дека планира да се кандидира за претседател во 2024 година, но дека „сè уште не е подготвен да го објави тоа“.

За време на неформален разговор при велигденската церемонија во Белата куќа, на новинарско прашање на колку настани има намера да учествува во претседателската резиденција, тој рече дека планира да се кандидира за функцијата.

Планирам да се кандидирам, но сè уште не сме подготвени да го објавиме тоа, истакна Бајден.

И покрај нискиот рејтинг на Бајден, демократите посочија дека сите се за кандидатурата за реизбор на Бајден дури и пред тој официјално да ја објави својата намера. 

Треба да знаете
Последни објави