Search

Сообраќајка во Влае, се судрија четири автомобили

Верижен судир се случи вечерва во Влае, пред мостот „Влајко“. Во сообраќајката се судрија четири возила марка „рено“, „цитроен“, „голф“. Причинета е материјална штета. Несреќата е пред семафорите на булеварот „Партизански одреди“. На терен има и полиција, која прави увид. Неофицијално, нема повредени лица, пишува Макфакс.

Ова не е единствена несреќа вечерва. На пола километар од ова место, а по кружниот тек кој води кон пазарчето во Ѓорче Петров – имаше друга незгода помеѓу три возила. Возачите наместо со полиција, несреќата ја решија со пополнување на европски договор.

Врнежливото време вечерва предизвика проблеми за возачите. Сообраќајки имаше и надвор од Скопје, но заега, нема информации за тешко повредени.

Треба да знаете
Последни објави